Македонија

Нова детска градинка во Центар со капацитет за згрижување 150 дечиња

11.07.2022 12:21

Со инвестиција од 2,5 милиони евра, почна изградба на нова детска градинка во Центар со капацитет за згрижување 150 дечиња. До крајот на годинава е предвидено отворање на уште 13 објекти за згрижување на над 1.300 деца...

Социјалниот дијалог продолжува, но со ребалансот на Буџетот не е предвидено зголемување на платите за 2.806 денари, потврди министерката Тренчевска. Според неа, потребно е системско, а не ад хок решение. Новата методологија ќе значи постојан раст на платите на јавната администрација и ќе го следи растот на инфлацијата и растот на просечната плата во државата, рече Тренчевска, која посочи дека во прекроената државна каса е влезена исплатата на К-15.

Во меѓувреме, со инвестиција од 2,5 милиони евра, почна изградба на нова детска градинка во Центар со капацитет за згрижување 150 дечиња. Оваа градинка ќе биде една од најголемите детски градинки во државата.

До крајот на годинава е предвидено отворање на уште 13 објекти за згрижување на над 1.300 деца.

Александра Спировска