Македонија

Комеморативна седница за Методи Чепреганов во Штип

11.07.2022 14:37

Штипјани се збогуваа со својот доктор на кого се посебно горди и кој го чувствуваа близок иако повеќе од половина век не живееше во Штип. Беше врвен научник, но и хуман и непосреден човек кој помагаше секому. Тој е инспирација за лекарската фела и доказ дека посветеноста, толерантноста и ведриот дух се квалитетите кои гарантираат успех на секое поле...

Од амбулантата на тогашниот текстилен комбинат Македонка, се вивна во врвот на медицинската наука. Автор и коавтор на повеќе од 180 дела и 70 монографии, глобално почитуван и наградуван за придонесот во неврологијата, доктор Методи Чепреганов беше човек кој во секоја средба ви ја разубавува душата, беше кажано на комеморацијата во Штип

Лекарската фела, посебно невролозите во доктор Чепреганов имаа голем ментор

Благодарност и почит во име на сите граѓани изрази градоначалникот на Штип

Општина Штип и УГД во мај го предложија доктор Чепреганов за државната награда 11-ти октомври.

Славица Величковска