Франкофонските медиуми опширно пишуваат за изборите во Македонија

14.04.2014 14:27

На ВМРО-ДПМНЕ ќе му треба втор круг на избори, пишува Курие де Балкан, специјализиран франкофонски портал за Балканот. Уште една нова победа за ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат Ѓорге Иванов доби широка победа со 52% од гласовите, но поради слабиот одѕив потребен е втор круг, додава порталот.

Иванов води за вториот круг, пишува БФМТВ, нагласувајќи  дека шефот на македонската држава во вториот круг ќе се соочи со Стево Пендаровски кандидатот на опозициската СДСМ.

Франкофонските медиуми посебно го забележуваат големото отсуство на бирачите од албанската заедница, РФИ тука го дава примерот со Зајас и Кичево каде гласале само 10 до 15% од запишаните галсачи. За 98,5 ФМ „албанската заедница ги бојкотираше изборите“.

Според француското меѓународно радио РФИ ова само го илустрира јазот кој ги дели двете најголеми заеедници во земјата. Предвремените парламентарни избори според Нувел Обсерватор се должат на „неспособноста на владината коалиција да се усогласат за заеднички претседателски кандидат“. Откако ДУИ не ја прифати кандидатурата на Ѓорге Иванов.„

За франкофонските медиуми без изненадување, Георге Иванов треба повторно да биде избран за претседател, додека Никола Груевски, се надева да добие нов плебисцит на парламентарните избори.

„Фигаро“  од своја страна објавува репортажа во која зборува за чекањето на Македонија пред вратата на ЕУ, поради противењето на Грција, што ја наведе земјата да се затвори врз самата себе си. Денес луѓето се прашуваат ако го сменат името за Европа, дали тоа нема да ги води и кон промена на идентитетот.

Тони Гламчевски