Бугарски ознаки во Градски парк
Денешнава прошетка ми беше во некој нов парк, Градски парк некој ни го преименувал, ова се дел од коментарите на социјалните мрежи каде беа објавени слики од клупите во парк. Од Министерството за внатрешни работи велат дека и кај нив стигнале пријави од граѓани...

На неколку клупи во Градски парк кај патеката за трчање граѓаните изутринава можеа да забележат клупи на коишто пишуваше Бугарија.
Денешнава прошетка ми беше во некој нов парк, Градски парк некој ни го преименувал, ова се дел од коментарите на социјалните мрежи каде беа објавени слики од клупите во парк. Од Министерството за внатрешни работи велат дека и кај нив стигнале пријави од граѓани.
„Ве известуваме дека денеска во 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека биле испишани графити на клупи и бандери во Градски парк. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Екипата на Македонската телевизија забележа и екипи на терен од Град Скопје кои се обидуваа да ги исчистат клупите во градскиот парк.
Ана Ј. Тодоровска
