Телекомуникации

АЕК ги додели првите концесии за 5Г мрежата

11.07.2022 16:00

Корисниците очекуваат и до 10 пати побрзи услуги во телефонија и интернет сообраќајот. Надлежните тврдат дека направени биле мерења, нема опасност од зрачење...

Телекомуникациските оператори ги добија одобренијата за петтата мобилна генерација, државава прва на Балканот воведува 5Г мрежа.

Корисниците очекуваат и до 10 пати побрзи услуги во телефонија и интернет сообраќајот. Надлежните тврдат дека направени биле мерења, нема опасност од зрачење.

На адреса на агенцијата стигнале поплаки за високи сметки поради појдовни повици кон странски земји што не биле генерирани од корисникот, од АЕК велат, приговорите биле усвоени.

Сузана Фиданска Стоевска