Франција

Макрон осомничен за злоупотреби и фаворизирање на такси-мрежата Убер

11.07.2022 23:26

Политички скандал во кои се вмешани францускиот претседател Макрон и поранешната еврокомесарка Крос. Такси компанијата Убер издвоила 90 милиони долари годишен буџет за лобирање меѓу истакнати политичари за полесен влез на пазарот и распад на европската такси индустрија...

Политички скандал во кои се вмешани францускиот претседател Макрон и поранешната еврокомесарка Крос. Такси компанијата Убер издвоила 90 милиони долари годишен буџет за лобирање меѓу истакнати политичари за полесен влез на пазарот и распад на европската такси индустрија.

Според пишувањата на Гардијан, илјадници документи и мејлови покажуваат дека компанијата Убер добивала помош од Макрон и Крос, а екс-директорот наредувал да се спречат полициски истраги во нивните компјутери.

Макрон станал и многу близок пријател со контроверзниот директор на Убер, а во периодот кога француските таксисти организирале масовни протести, Макрон му ветил дека ќе ги смени законите во корист на компанијата Убер. Документите покажуваат дека Убер се обидувал да лобира и кај Џо Бајден, Олаф Шолц и Џорџ Озборн.