Македонија

Месецов нов јавен повик од ИПАРД

12.07.2022 09:07

Сите заинтересирани правни лица за користење на парите од ИПАРД програмата можат да се подготвуваат за доставување на барањата. Јавниот повик се однесува за поддршка на инвестициите во основни средства и за преработка и за маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Повикот ќе биде објавен до крајот на овој месец...

Платежната агенција до крајот на јули треба да го објави првиот оглас од ИПАРД програмата за оваа година. Поддршката е за инвестиции во основни средства и за преработка и за маркетинг на земјоделски и на производи од риба.

Прифатливи за кофинансирање ќе бидат трошоците за набавка на опрема и услуги без трошоците за градежни работи. Прифатливи инвестиции се и набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори и поставување или инсталирање на фотонапонски панели со максимален капацитет до 1 мега ват.

Потребната документација за подготовка и поднесување на барањата ќе бидат објавени на веб-страницата на Агенцијата пред излегувањето на Јавниот повик.

Целта на ИПАРД Програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и прехранбениот сектор, со усогласување со стандардите на Европската унија и економски развој на руралните средини.

Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на неговото објавување во дневните печат.

Методија Трајков