Француски предлог

Манифест на македонските учители

12.07.2022 13:32

Над 800 македонски учители во духот на крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ, го искажуваат своето незадоволство од францускиот предлогот, сметајќи дека со него, македонскиот народ е предмет на омаловажување и понижување. Учителите со порака и до државниот врв-од вас бараме јасно и гласно да кажете дека не се согласувате со предлогот на Макрон...

Над 800 македонски учители во духот на крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ, го искажуваат своето незадоволство од францускиот предлогот, сметајќи дека со него, македонскиот народ е предмет на омаловажување и понижување.

Уште пред да почне преговарачкиот процес, Македонците ќе бидат сведени на вештачки конструкт од 1944-та година, а македонскиот јазик, историски непостоечки за ЕУ.

Учителите со порака и до државниот врв-од вас бараме јасно и гласно да кажете дека не се согласувате со предлогот на Макрон, кој всушност ги штити бугарските националистички идеи.

Во Манифестот порака и до европските челници и францускиот претседател - како одговорни политичари треба да знаете дека секое искривување на вистината е грев и неправда.