Вечерва се отвора 62-то издание на „Охридско лето“
Со настап на четворицата италијански тенори, Алесандро Косентино де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини, под диригентската палка на маестро Лоренцо Бицари од Италија, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет, вечерва ќе биде отворено 62. Издание на „Охридско лето“.
Во рамки на фестивалот што се одржува од денеска до 20-ти август, љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во 36 концерти, десетина театарски претстави и шест настани во дополнителната програма. Ќе учествуваат над илјада уметници од 25 држави.

Организаторите најавија 40 атрактивни и возбудливи фестивалски вечери, а вечерва на вашиот јавен сервис, директен пренос од отворањето на фестивалот.