Поднесени обвиненија за инцидентите за време на протестите во Скопје
Скопското обвинителство до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело-учество во толпа. Тројца се гонат за предизвикување општа опасност...

Скопското обвинителство до надлежниот суд поднесе обвинителни предлози против 12 лица, од кои 9 се обвинети за кривично дело-учество во толпа. Тројца се гонат за предизвикување општа опасност.
На граѓанските протести на 5-ти и 6-ти јули, учествувале во толпата што со камења, бекатон плочки, железни предмети, сообраќајни знаци, корпи за отпадоци и пиротехнички средства фрлале кон полициските службеници пред Собранието. Еден полицаец бил потешко повреден, а 26 се здобиле со телесни повреди.
Обвинетите причиниле штета на собранието од близу 580 илјади денари, оштетиле полициска опрема и едно полициско возило, информираат од обвинителството.
Обвинителен предлог е поднесен и против двајца скопјани, на 18 и 26 години. Едниот подготвил „молотов коктел“, а другиот го фрлил кон полицискиот кордон. Седуммина добија куќен притвор, а петмина мерка притвор.
