Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот
Според пратениците од власта со повеќе пари се штити стандардот на граганите. Опзоцијата со став – расте дефицитот , се зголемува јавниот долг...

За пратениците од власта се штити стандардот на граѓаните, за опозицијата ќе расте дефицитот и ќе се зголемува јавниот долг. Вака течеше расправата на вториот ден за дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот.
Пратениците од СДСМ велат во услови на економска криза, со 4, 7 милијарди денари ќе им се помогне на најсиромашните, нови 1, 9 милијарди денари се планирани за активните мерки за вработување, а дополнително се кратат непродуктивни трошоци и ќе растат платите, тврдат од СДСМ.
Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ критикува, зошто иако најавен, веќе четири месеци не е потпишан договорот со ММФ. Според него има премногу договори во четири очи и енормно зголемување на ставките за непродуктивни вработувања.
Од Алијанса за албанците пак сметаат дека ќе се продлабочи јавниот долг на земјава.
Јавната расправа за ребалансот на Буџетот ќе трае пет дена.
Викторија Милевска
