Најголемата житница го бележи првиот фестивал на жетвата
По традиција на Петровден и Павловден не се жнее. Овојпат под покровителство на локалната самоуправа на Новаци земјоделците на едно место ја изложија земјоделската механизација, семенски материјал а ќе разменуваат и искуства како да се врати сјајот на најголемата житница. Вештите раце на домаќинките изработија домашни производи од житарици без кој некогаш не се тргувало на жетва...

Николче Божиновски е еден од поретките пелагониски млади земјоделци. Одгледувањето на житни култури вели е семејна традиција уште од дедо прадедо. Смета дека во вакви кризни времиња штета е да не се обработува секое парче плодна земја. Причините што старите земјоделци имаат се помалку наследници ги гледа во аграрната политика, од распределбата на земјиштето и откупната политика па се до обновување на земјоделската механизација.
Целта на фестивалот е преку размена на искуства и да се делува поттикнувачки во производството посебно на лебно зрно.
Некогаш жетвите во Пелагонија беа со богат род и имаа свои обичаи.
Посебна атракција е изработената селска соба изработена од вештите раце на домаќинките.
Николовска вели дека во текот на денот се изработуваат и домашни производи од житарици. Најзначајно место зазема пелагонискиот мазник зошто почеток на жетва без мазник не бидува.
Стевче Митревски
