Кичево протетси против социјални станови
Со блокади на локалните патишта во населбата Иванидол Кичево денес продолжуват протестите против изградбата на социјалните станови. И покрај ветувањето на градоначалникот Дехари, дека ќе се стопира изградбата, вчера имаше инцидент. Градежната компанија со силно обезбедување се обидуваше да гради, а жителите со турканици ја попречуваат изградбата...

„Бевме сведоци на сериозно сценарио со насилство, од страна на градежната компанија на овој проект за изградба на социјални станови, Стенто Манастир, во овој случај помалку виновни се луѓето кои вчера беа како лично осигурување со цел да ги заплашат луѓето. , навлегување во приватен имот и тепање на нашите соседи“.
„Протестот досега беше мирен и мислам дека ќе биде мирен и во иднина бидејќи не ни треба агресивност. И првиот протест што се одржа беше мирен и додека не се реши проблемот ќе излеземе што е можно повеќе“,
„Им кажавме на градоначалникот и на градежната компанија Стенто дека овде не може да се градат социјални станови, бидејќи никој не е дојден овде да направи анкета и ги прашуваат граѓаните дали сакаат да градат социјални станови“.
Соња Рилковска
