Шри Ланка
Претседателот на Шри Ланка избега од земјата
13.07.2022 09:25
Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители се качиле на авион на националните воздухопловни сили кој полетал за Мале, главниот град на Малдивите. Раџапакса, како шеф на државата, има имунитет од апсење...

Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса, побегнал од земјата од земјата, извести агенцијата „Associated press“ повикувајќи се на неименуван миграциски службеник.
Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители се качиле на авион на националните воздухопловни сили кој полетал за Мале, главниот град на Малдивите. Раџапакса, како шеф на државата, има имунитет од апсење, а се верува дека обидите да замине во странство пред поднесувањето оставка се за да ја избегне можноста да биде приведен.
