Воен конфликт
Украинската војската тврди дека уништила руски магацин за оружје
13.07.2022 09:34
На социјалните мрежи се појави видео од експлозијата, на која наводно се гледа рускиот магацин кој бил погоден. Според руските власти во Керсон во украинскиот напад загинале најмалку седум лица...

Украинците тврдат дека уништиле руски магацин за оружје во градот Нова Каховка.
На социјалните мрежи се појави видео од експлозијата, на која наводно се гледа рускиот магацин кој бил погоден. Според руските власти во Керсон во украинскиот напад загинале најмалку седум лица. Во меѓувреме, украинските сили го гранатирале и селото Бела Березка во Русија со дваесетина минофрлачки гранати. Нема загинати и повредени.
