Свет

Во Јужна Кореја за еден ден над 40 илјади новозаразени со Ковид-19

13.07.2022 10:13

Владата во Сеул предупреди дека во наредните месеци тој број би можел да се зголеми и до петпати...

Новите случаи на коронавирусот во Јужна Кореја надминаа 40 илјади за првпат во два месеци. Владата во Сеул предупреди дека во наредните месеци тој број би можел да се зголеми и до петпати. Се препорачува сите постари од 50 години и оние кои страдаат од хронични болести да добијат втора засилена доза вакцина.