Ковид-19

Расте бројот на новозаразени

13.07.2022 10:21

Изминатите денови пораст на бројот на активни случаи, достигна речиси 1.900. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита. На вакциналните пунктови имунизација и со 4-та доза...

Комисијата за заразни болести на седница ја анализира епидемиолошката состојба со Ковид-19.

Изминатите денови пораст на бројот на активни случаи, достигна речиси 1.900. Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

На вакциналните пунктови имунизација и со 4-та доза. Институтот за јавно здравје во последниот извештај регистрираше зголемување за 80 проценти на ковид позитивни. Пораст има кај сите возрасни групи, а најголем дел од инфицираните се над 60 години.

Моментално на болничко лекување поради компликации од ковид се 28 пациенти, за 18 повеќе од претходната недела.