Свет

Во Шри Ланка прогласена вонредна состојба

13.07.2022 11:47

Вршителот на должност премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите поради протестите поради економската криза...

Вршителот на должност премиер на Шри Ланка, Ранил Викремесинг прогласи вонредна состојба, откако претседателот Готабаја Раџапакса побегна на Малдивите поради протестите поради економската криза.

Вонредна состојба е прогласена во цела земја, а во западната провинција воведен е полициски час. 

Премиерот им наредил на безбедносните сили да се задржат и одземат сите камиони и други возила со кои демонстрантите се движат низ островот и да го приведат секој што предизвикува немири.

Викремесинг најави дека ќе поднесе оставка за да го отвори патот за „мирен трансфер на власта“ по големите протести против него поради најголемата економска криза во Шри Ланка.