Стано: ЕК нема забелешки од првиот круг на претседателските избори

14.04.2014 14:54

Европската комисија нема забелешки за првиот круг од претседателските избори. Официјалната оценка ќе ја кажат по завршување на изборниот процес, на 27 – ми април – вели Петар Стано  портпаролот на еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.

„Како што знаете изборите се многу важен дел од демократскиот процес и затоа ние многу внимателно ги следиме. Колку што сум информиран ќе има втор круг . Затоа нема да коментираме пред вториот круг. Што се однесува до атмосферата на овие избори, знаете дека ја чекаме оценката од набљудувачите од ОДИХР /ОБСЕ. И вообичаено потоа ќе го дадеме нашиот коментар. Ова е стандартна постапка за сите држави партнери на Европската Унија“, изјави Стано.