Прилеп станува препознатлив по болдерингот
Во светот на спортот Прилеп станува препознатлив и по искачувањето на карпи, или попознат како болдеринг. Болдеристите што деновиве се натпреваруваа во Прилеп. Беа фасцинирани од околината и единственоста на карпите во околината на Трескавец...

Викендов во околината на мастирот Трескавец кај Прилеп по 7 пат се одржа големиот меѓународниот „Крали марко болдер фестивал“, на кој присуствуваа над 150 учесенци од повеќе Европски држави. Болдеристите или качувачите на карпи беа фасцинирани од околината која ја има тука и од уникатните форми на карпи кои се единствени во светот.
„Прекрасна организација, добри домаќини, овој регион како да е измислен за нас болдеристите“, рече Жарко Јевремовиќ, натпреварувач од Србија.
„Ова е многу убаво место, има премногу интересни карпи за качување, луѓето се премногу љубезни, втор пат сме тука, а ќе доаѓаме и во иднина“, рече Артемис Клони, натпреварувач од Грција.
„10 години се занимавам со овој спорт и сега имам една успешна кариера, ова е тука еден прекрасен регион кој досега е неоткриен“, вели Сташа Гејо, натпреварувач од Србија.
Фестивалот е во организација на Спортско качувачкиот клуб „Златоврв“ и Општина Прилеп. Во последните неколку години Прилеп стана вистинска хит дестинација за болдерингот. Со изградбата на новиот пат до Трескавец се отвори уште еден локалитет за овој спорт.
„Со оглед на тоа какви карпи имаме во околината, со оглед на тоа какви можности имаме за качување и колку се заинтересирани странците да дојдат, дефинитивно стануваме попознати по карпите отколку што претходно сме биле по други работи“, изјави Марјан Темоски, Претседател на СКК „Златоврв“.
„Теренот е одличен интересот е голем, имаме гости од цела Европа. Секоја година интересот е се поголем и поголем и доаѓаат повеќе странци кај нас“, истакна Ристо Белокапоски, СКК „Златоврв.
Во септември во Прилеп треба да се одржи најголемиот светски болдер натпревар, тука се очекува да бидат присутни над 1.000 качувачи од целиот свет.
Светски познатата компанија за спортска опрема „Петсел“ овие денови снима и документаренфилм за Прилеп кој ќе се прикажува во целиот свет и ќе биде искористен како реклама за натпреварот во септември.
Дарко Штаргоски
