Останати спортови

Терпстра меѓу избраните

14.04.2014 15:29

Холандскиот велосипедист Ники Терпстра е победник на една од најтешките еднодневни велосипедки трки Пари-Рубе.Во „пеколот на северот“ како што се нарекува најтешкиот класик во професионалниот велосипедизам долг 257 километри, Терпстра се одвои од групата од 10-тина велосипедисти на околу 6 километри до целта и со феноменален финиш триумфира со 20 секунди предност за најголемиот успех во неговата кариера. Иако сите погледи во последните килиметри беа насочени кон големиот фаворит Фабиан Канчелара сепак тој заврши на третото место зад Терпстра и Дегенколб.

Холандскиот велосипедист Ники Терпстра е победник на една од најтешките еднодневни велосипедки трки Пари-Рубе.Во „пеколот на северот“ како што се нарекува најтешкиот класик во професионалниот велосипедизам долг 257 километри, Терпстра се одвои од групата од 10-тина велосипедисти на околу 6 километри до целта и со феноменален финиш триумфира со 20 секунди предност за најголемиот успех во неговата кариера. Иако сите погледи во последните килиметри беа насочени кон големиот фаворит Фабиан Канчелара сепак тој заврши на третото место зад Терпстра и Дегенколб. Во групата што доцнеше 20 секунди беа уште неколку фаворити , пред се Петер Саган и Бредли Вигинс.

„Ова е најубавиот ден во мојата кариера,имав неколку добри резултати, но да се слави на најголемиот класик, тоа е остварување на сонот“- со многу емоции на крајот на трката на велодромот во Рубе, изјави Терпстра.