Преговарачка рамка

Собранието денеска ќе расправа за францускиот предлог

14.07.2022 10:35

80-та пленарна седница е закажана за 13:00 часот на која ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Пред одржувањето на седницата предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието Талат Џафери...

Денеска пратениците во Собранието ќе расправаат за францускиот предлог.

80-та пленарна седница е закажана за 13:00 часот на која ќе се обрати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Пред одржувањето на седницата предвидена е средба на претседателката на ЕК со претседателот на Собранието Талат Џафери.

За половина час потоа е закажана нова,81-ва седница, со почеток во 13:30, на која единствена точка на дневен ред е „Информација за содржината на Нацрт-преговарачката рамка за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, што беше предложена од француското претседателство на Советот на Европската Унија на 30-ти јуни.