Студентите од ФИНКИ ќе креираат апликации за дигитализација на културните институции

14.04.2014 15:35

Ќе се работи на дигитализација на македонското културно богатство...

Новите технологии влегуваат во театрите, кината, културата ... Студентите од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ФИНКИ, ќе креираат иновативни апликации  што  треба да привлечат поголема публика во културните институции.

Ќе се работи на дигитализација на македонското културно богатство.

„Сакаме да донесеме што е можно повеќе луѓе во нашите културни институции, и технологхијата да помогне она што се случива таму да биде поприфатливо за широката популација, пред се за младите“, вели Владимир Трајковиќ, професор на ФИНКИ.

„Да се запознаат и културните институции и студентите и фирмите, за тоа како можат новите технологии и иновациите да помогнат во развојот на креативните индустрии во Македонија“, изјави Елеонора Запрова, директор на Британскиот совет во Македонија.

Бизнис- заедницата  и Министерството за култура заинтересирани за иновативноста. Експерти од Велика Британија  ги споделија  искуствата со колегите од Македонија. Новите технологии  ќе внесат свежина во културните институции.

 

Викторија Тодоровска