Украина
Руската инвазија уништила три милиони хектари украински шуми
14.07.2022 11:06
Војната во Украина уништува шуми, ги загадува ораниците и водата, предупреди украинскиот министер за животна средина...

Војната во Украина уништува шуми, ги загадува ораниците и водата, предупреди украинскиот министер за животна средина.
Во обраќање пред учесниците на неформалниот состанок на ЕУ во Прага, украинскиот министер за животна средина рече дека руската инвазија уништила три милиони хектари украински шуми.
Според него, во Украина има најмалку 260 случаи на „екоцид“ и повеќе од две илјади случаи на еколошка штета. 20 насто од заштитените подрачја во државата се загрозени.
