МВР

Со ноќен радар 119 санкции за брзо возење

14.07.2022 11:25

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на изминатата вечер во периодот од 21.00 до 24.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 119 возачи.

Од нив, две возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.  При тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 43 надвор од населено место, соопштуваат од МВР.