Одложена јавната седница за „27-ми април“
Во апелација неуспешен обид странките да ги изнесат жалбите за судењето на организаторите на собраниските инциденти од 27-ми април. Јавната седница одложена поради здравствени проблеми на еден од адвокатите …

Во Апелацискиот суд пропадна уште еден обид да се изнесат жалбите на странките за судењето на организаторите на собраниските инциденти од 27 април.
Јавната седница се одложи поради здравствени проблеми на еден од адвокатите, ангажиран во процесот. Ново рочиште е закажано за 20 октомври.
Во овој процес обвинети се поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски. Ним првостепениот суд им изрече вкупна затворска казна од 25 години. Се товарат дека на критичниот ден организирале непречено влегување на демонстрантите во Собранието и го мобилизирале партиското членство кое извршило насилен упад во законодавниот дом.
Анита Димитријевска Велковска
