Шести ден продолжува потрагата по исчезнатото момче на Халкидики
Како и досега, во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население...

Шести ден продолжува потрагата по исчезнатото момче на Халкидики, информираат од македонското МНР.
Како и досега, во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.
Утре од Америка во Грција треба да пристигне братот на Мартин, Горан, кој од грчките спасувачки екипи побарал да се подготват за голема операција бидејќи тој ќе направи сè што е потребно за да го лоцира неговиот брат.
Тој објави фотографија од Мартин на денот на исчезнувањето и побара помош во обезбедување каква било информација.
