ОДИХР: Изборите ефикасно спроведени

14.04.2014 15:40

Аренс ја пофали изборната администрација и работата на ДИК кои, како што кажа, успешно си ја завршија работата...

Претседателските избори од 13 април беа ефикасно спроведени, а изборната кампања беше активна. Процесот на регистрација на кандидатите беше инклузивен, а кандидатите имаа можност слободно да ја водат изборната кампања, оцени шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР амбасадорот Герт Хинрих Аренс на денешната прес-конференција.
 
Tој посочи дека покрај фактот што основните слободи беа испочитувани, како што нагласи, пристрасното медиумско покривање и неразграничувањето меѓу државните и партиските активности не обезбеди рамноправен натпревар меѓу кандидатите.
 
Аренс ја пофали изборната администрација и работата на ДИК кои, како што кажа, успешно си ја завршија работата.