Прилеп: Почнува фестивалот на пивото и скарата „Пивофест“
Прилеп по 18-ти пат од денеска до недела е домаќин на еден од најголемите летни забавни фестивали „Пивофест“. За прилепчани е традиција која, сметаат, е добро да се одржува, особено им е битно да се видат со пријателите и блиските по две-три години. Во четирите дена се очекуваат околу 100.000 посетители и гости...

Летна забава, вкусна скара, пенлив пијалак и добро расположение до недела ќе нуди „Пивофест“ во Прилеп. Во четирите фестивалски дена градот очекува околу 100.000 посетители.
Прилепчани, скараџии и домаќини со искуство за овој фестивал, ги очекуваат гостите, зашто велат, ова е прилика да се видат по две--три години.
Градските власти уверуваат дека и безбедноста и чистотата се на високо ниво. Обезбедени се доволно паркинг места.
Гостите на 18-тиот „Пивофест“ ќе ги забавуваат музичари и групи од земјава и од Балканот.
Бети Митреска
