Урсула фон дер Лајен: Одлуката е ваша, размислете, искористете ја шансата
Дипломатска офанзива за европскиот предлог. Во Собранието, обраќање на Урсула фон дер Лајен. Порака - Европската комисија секогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава...

Македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно тоа го почитуваме. Билатералните прашања, како што е толкувањето на историјата, не се услов за пристапните преговори. Искористете ја оваа можност. Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со јасна порака до пратениците во Собранието. Македонската опозиција ја пречека со транспаренти против францускиот предлог и со извици „предавници“, мнозинството со аплаузи. Додека говореше доби транспарент „НЕ“. Фон дер Лајен потврди дека со првата меѓувладина конференција којашто треба да се одржи набрзо, доколку биде прифатен предлогот за преговарачката рамка, почнуваат конкретните преговори и скрининг процесот.
„Одлуката е ваша, размислете, искористете ја шансата“, рече Фон дер Лајен.
„Развиена економија, инвестиции, работни места, тоа го сакаат младите за да останат во својата земја. Вие сте партнер од доверба, истакна шефицата на Европската комисија. Иднината на вашата земја е во ЕУ, Унијата не е целосна без Северна Македонија, истакна Фон дер Лајен, завршувајќи го говорот со збор на македонски јазик“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на ЕК.
Претходно, претседателката на Европската комисија на одвоени средби со Пендаровски и Ковачевски. Претседателот го реафирмирал ставот дека прифаќањето на францускиот предлог ќе овозможи деблокада на евроинтеграциите и отворање на првата фаза од пристапните преговори. Македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од Европската унија, потенцирал шефот на државата. Сега е моментот кој треба Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог. Не се загрозува идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик, констатирале Ковачевски и фон дер Лајен.
Милчо Велески
