Бугарија: Консултации за формирање нова влада
Опозициската ГЕРБ-СДС му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Радев. За утре Радев свика консултации со парламентарните партии, по што ќе донесе одлука на која партија или коалиција ќе го додели третиот мандат...

Опозициската ГЕРБ-СДС му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Радев. За утре Радев свика консултации со парламентарните партии, по што ќе донесе одлука на која партија или коалиција ќе го додели третиот мандат. Шефот на државата изјави дека ако партиите се повторно за предвремени избори, тогаш тие треба да се одржат на почетокот на октомври.
„Пратеничката група на ГЕРБ-СДС нема да го оствари уставното право да спроведе истражувачки мандат за формирање влада во Народното собрание и нема да предложи кандидат за премиер“, изјави Десислава Атанасова од ГЕРБ-СДС.
„Без разлика дали се во власта или опозиција, сите партии и народните избраници имаат своја улога во изнаоѓањето излез од кризата. Затоа утре ќе свикам консултации со сите сили застапени во парламентот за да слушнам каде гледаат излез од кризата што настана“, Румен Радев, претседател на Бугарија.
