Македонија

Азески: Државата доцни со мерките за надминување на енергетската криза

14.07.2022 15:04

Компаниите се во тешка состојба, долгот се зголемува, со просечен раст од 1,7 проценти не може да се очекува справување со мултикризната ситуација што се должи на нефункционалната држава и непочитување на пазарната вредност. Со овој став стопанската комора излезе со декларација, да изврши притисок, државата да го слушне гласот на бизнисот и да преземе активности, со апел и до партиите да склучат нов рамковен договор за економски реформи...

Компаниите се во тешка ситуација, енергетската и здравствена криза ја исцрпи нивната кондиција, септември ќе има уште поголем притисок, земјата е во ризик да стане презадолжена, висока зависна од увоз на енергенси, подложна на ценовни удари без алтернатива-предупредува бизнис секторот. Стопанската комора алармира клучен момент е да се преземе програмирана активност. Со Декларација бара општествен консензус за економските реформи, враќање на политиките од „партиска“ кон државна агенда, да запрат фиктивните вработувања во јавниот сектор, да се слушне мислењето на бизнисот.

„Државата доцни со мерките за надминување на енергетската криза, бизнисот има стратегија, ќе бара итна средба со владата и регулаторната комисија“, вели Азески.

Апел да се зголеми домашното производство на струја, да се активираат сите капацитети во рамки на ЕСМ, да се одложат ремонтите во РЕК, во функција да бидат сите фотоволтаици

„По зголемувањата на основните каматни стапки Комората сугерира да се води сметка за курсот на денарот, но истовремено и за состојбите со реалниот сектор, ликвидност на банките е на задоволително ниво, сè уште може да ги следат инвестициските активности“, оцени Азески, првиот човек на Стопанската комора која одбележа век постоење.

Сузана Фиданска Стоевска