Нови 494 случаи на Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на Ковид-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1...

Во последните 24 часа направени се 1.365 тестови, а регистрирани се нови 494 случаи на Ковид-19: Скопје – 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 105 реинфекции.
Регистрирани сe 276 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.309, информираат од Министерство за здравство.
