Француски предлог

Пред Собранието протест „Ултиматум-не, благодарам“

14.07.2022 15:24

Додека траеше обраќањето на Фон дер Лајен, пред Парламентот протест против францускиот предлог. Граѓани и политички партии, бараат власта да го слуша гласот на народот...

11 ти ден Македонците на улица поради незадоволството од францускиот предлог.

„Македонија Македонија“’ ечеше од 11-тиот протест овде пред Собранието, на којшто повторно, илјадници граѓани излегоа да кажат гласно не за францускиот предлог.

Ни високите температури не ги спречија граѓаните и денеска да излезат и да го демонстрираат своето незадоволство, паралелно со расправата во законодавниот дом. Велат, овде сме за Македонија.

Масовно да излеземе и да кажеме не за предлогот со кој се прифаќаат сите бугарски услови, порачаа организаторите. Апел и до власта – должни сте да го чуете гласот на народот кој е против ваквиот ултиматум со кој се бугаризираат македонскиот јазик, идентитет и историја.

Марија Котовска