Разрешен директорот на Скопска зоолошка
Откако денеска се појави информација дека се заклани повеќе од 10 коњи за храна за лавовите во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Арсовска веднаш го разреши в.д. директорот Стаменов...

Откако денеска се појави информација дека се заклани повеќе од 10 коњи за храна за лавовите во Зоолошката градина во Скопје, градоначалничката Арсовска веднаш го разреши в.д. директорот Стаменов.
„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука преземена од страна на директорот несоодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, соопштија од Град Скопје.
