Свет
По престојот во Израел, Бајден денеска на средба со Саудиските власти
15.07.2022 10:07
Во фокусот на разговорите – заедничката загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма и воените активности на Техеран низ целиот регион...

Американскиот претседател Џо Бајден по престојот и разговорите во Израел, денеска во Саудиска Арабија на средба со саудиските власти и со лидерите на другите земји од заливот.
Во фокусот на разговорите – заедничката загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма и воените активности на Техеран низ целиот регион. Претходно, во Ерусалим Бајден разговараше со премиерот на преодната влада на Израел Jаир Лапид.
