ИПИС најточен во прогнозите, Рејтинг со голема утка
Резултатите од првиот круг од претседателските избори – повод да ги анализираме прогнозите на рејтинг – агенциите објавени пред гласањето...

Најпрецизен Институтот за политички истражувања, потфрли Рејтинг- изборите своевиден тест и за агенциите за испитување на јавното мислење. ИПИС со телефонската анкета спроведена меѓу 4 и 7 март на 1.113 испитаници го погоди резултатот.
„Во најлош случај за Стево Пендаровски, актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов ќе има предност од 150 илјади гласови и јас верувам дека резултатот ќе се движи во рамките на овие прогнози. Сосема е реално Иванов да освои над 100 илјади гласови“, изјави Владимир Божиновскиод ИПИС.
Големо водство на Иванов пред Пендаровски покажа и телефонската анкета на Институтот Димитрија Чуповски, спроведена од 28 до 31 март на 1.510 испитаници, а објавена 10 дена пред изборите. Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и на 27-ми ќе однесе победа.Како најнеточно се покажа истражувањето на агенцијата Рејтинг, кое за потребите на Фокус, беше спроведено телефонски на 1.560 испитаници во периодот од 31 март до 3 април. Според ова истражување, Пендаровски водеше пред Иванов.
„Истражувањето покажа дека гласовите ќе бидат многу блиску, можеби со блага предност од 10.000 гласови во корист на Пендаровски, или во рамките на статистичката грешка, да има мала предност за Иванов“, вели Никола Спасов од Рејтинг.
Според истражувањето на Рејтинг, се очекуваше кандидатот на ДПА Халими да освои над 167 илјади гласови, резултати што повторно многу отстапуваат од изборните.
„Има големо промашување што е надвор од рамките на статистичката грешка“, смета политичкиот аналитичар Сашо Клековски.
Вториот изборен круг е на 27 април. Дотогаш се очекува агенциите да излезат и со нови сондажи на јавното мислење.
Мартин Пушевски
