Украина

Три украински пристаништа се деблокирани за транспорт на житото

15.07.2022 10:20

Украинските власти објавија дека руските сили продолжиле да го гранатираат Доњецк, во обид да го заземат Донбас. Деблокирани украински пристаништа за транспорт на жито...

Три украински пристаништа се деблокирани за транспорт на житото, договориле двете страни за време на преговорите, соопшти пратеник на врховната Рада на Украина, Gоначаренко. Украинските власти објавија дека руските сили продолжиле да го гранатираат Доњецк, во обид да го заземат Донбас.

Во соседниот регион Луганск, украинските војници се борат да ја задржат контролата врз две села. Русија, исто така, нападнаа места во регионот на Миколаев што се граничи со Црно Море, при што загинаа најмалку пет цивили.