Свет

Претседателот на парламентот на Шри Ланка ја прифати оставката на Раџапакса

15.07.2022 10:38

Претседателот на Шри Ланка, Раџапакса испрати до Парламентот мејл со оставка од претседателската функција, која беше веднаш прифатена од претседателот на Парламентот. Раџапакса и неговата сопруга во средата побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили...

Претседателот на Шри Ланка, Раџапакса испрати до Парламентот мејл со оставка од претседателската функција, која беше веднаш прифатена од претседателот на Парламентот.

Раџапакса и неговата сопруга во средата побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили, а следниот ден отпатуваа во Сингапур. Претходно, демонстранти упаднаа во неговата претседателска палата, а потоа ја заземаа и канцеларијата на премиерот.

Државата се бори со сериозен недостиг на девизи што го ограничи основниот увоз на гориво, храна и лекови, втурнувајќи ја во најголемата економска криза од стекнувањето независност во 1948 година.