Македонија

Општина Чашка побарала од еколошка групација „Зелена Сила“ да го напушти планинарскиот дом во Папрадиште

15.07.2022 11:56

Екологистите од „Зелена сила“ изненадени што Општина Чашка бара предвремен раскин на договорот за користење на планинарскиот дом во село Папрадиште. Објаснуваат дека со работењето на домот селото повторно оживеа...

Локалната власт на Општина Чашка писмено побарала од еколошка групација „Зелена Сила“ да го напушти планинарскиот дом во село Папрадиште. Бараат да се врати во владение на Општината, оти не бил исполнет договорот. Екологисти се изненадени но и лути од ваквото барање, бидејќи сметаат дека се добри домаќини, кои со работењето на домот, ги вратија посетителите и туристите во селото, кое повторно оживеа.

Појаснуваат дека изградиле канализација и плоштадот во селото, со сопствени средства, маркирале 600 км планинарски патеки по Јакупица. После 18 години користење, две пред завршување на договорот, Општина Чашка еднострано бара раскин.

Локалната власт од Чашка веќе си ги вратила во владение планинарските домови во селата Ораов дол, Мокрени, Етно куќата од село Бистрица. Нејзиниот пак корисник сега мака мачи каде да ги изложи 750 предмети кои таму беа поставени.

Петар Печков