Седми ден трае потрагата по Мартин
Сè уште нема ниту трага, ниту глас од младиот Мартин Јовановски, кој исчезна во водите на Егејско море, кај плажата Мити на Халкидики. Македонски граѓани преку социјалните мрежи се мобилизираа за да помогнат со финансиски средства...

Сè уште нема ниту трага, ниту глас од младиот Мартин Јовановски, кој исчезна во водите на Егејско море, кај плажата Мити на Халкидики. Потрагата трае веќе седми ден.
Македонски граѓани преку социјалните мрежи се мобилизираа за да помогнат со финансиски средства. Се бараа и луѓе кои знаат грчки, луѓе кои оперираат со дронови, со параглајдери, едрилици, чамци. Иако, според грчките закони потрагата завршува на четвртиот ден, екипи сè уште го бараат 31-годишникот.
За Халкидики заминал и братот на Мартин, кој на тамошните волонтерски спасувачи им рекол дека ќе стори сè за да го пронајде.
Тројцата пријатели Иван, Васил И Мартин од плажата Мити кај Посеиди беа однесени од морските струи далеку од брегот. Иван и Васил беа пронајдени, но не и Мартин.
