Македонија
Од полноќ бензините поевтинуваат
15.07.2022 12:39
Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка за горивата којашто ќе важи од полноќ. Бензинот од 95 октани ќе се продава за 102,5 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани...

Регулаторната комисија за енергетика направи нова пресметка за горивата којашто ќе важи од полноќ.
Бензинот од 95 октани ќе се продава за 102,5 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани.
Дизелот и понатаму ќе се продава за 100 денари за литар. Екстра лесното и мазутот остануваат со стари цени.
Во просек, малопродажните цени се намалуваат за 1,13 проценти како резултат на пониските цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.
