Во прилепскиот театар премиера на претставата „Круг“
Во прилепскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски. Ова е трета премиера годинава и е праизведба на претставата …

Праизведбата на претставата „Круг“ во прилепскиот театар отвора еден цел циклус на распаѓање: почнувајќи од физичкото непостоење, преку распадот на еден брак, на заедницата, па се до распаѓањето на едно општество. Луѓето станале себични и човештвото се наоѓа на раскрсница. Дејството е повеќе од актуелно.
Претставата, работена по оригиналот „Дамата од Дебјук“ од Едвард Олби за актерите се поврзува со времето на пандемијата во која очекувале дека како луѓе ќе се преиспитаме за да бидеме подобри.
Претставата „Круг“ е трета од годинашната програма на прилепскиот театар.
Елизабета Митреска
