Во законодавниот дом продолжи седницата за преговарачката рамка
Дебата проследена со навреди, во бучна и тензична атмосфера. Во Собранието продолжи седницата за предлог преговарачката рамка. Опозицијата со став-францускиот предлог е неприфатлив, власта да го слуша народот. Владејачкото мнозинство бара поддршка…

Криминалци, ксенофоби, насилници, предавници – ова е вокабуларот на пратениците од власта и опозицијата во дебатата за преговарачката рамка. Вувузелите свират, пратениците се објаснуваат кој е поголем патриот.
Рамката е најголем антиевропски документ и со предлогот се запечатува судбината на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Возвратија пратениците од власта -на опозицијата и е важна власта, а при тоа не сакаат да ја слушнат вистината дека цврсто газиме кон Европа.
По расправата, пратениците ќе треба да се изјаснат за предлог-заклучоците, кои секоја влада треба да ги почитува. Ако не се најде заеднички јазик, на гласање ќе бидат оние на СДСМ и ДУИ, за кои е извесно дека го имаат потребниот број гласови.
Миле Ристески
