Руско-украински конфликт

Украина: Нови напади и меѓусебни обвинувања

15.07.2022 16:12

Нов ден, нови жртви во војната. Ракетен напад во Николаев. Москва тврди дека во украинскиот град Виница каде загинаа цивили имало воена цел – се одржувал состанок со добавувачи на оружје. Киев обвинува за тероризам и бара одговорност. Деблокирани три пристаништа за извоз на жито...

За време на преговорите за извоз на жито, страните се договориле да деблокираат три украински пристаништа и да извезуваат производи од нив. Се планира житото да се извезува од украинските пристаништа под услов на прекин на огнот.

„Ова жито се транспортира до пристаништата на руската федерација. До пристаништето во Севастопол и пристаништето Бердијанск. После тоа, житото се продава и се испраќа во Турција. Главната задача е безбедноста на храната на ослободените територии и териториите што ќе бидат ослободени“, изјави Сибуд Андреј, шеф на воено-цивилната администрација на областа Мелитипол.

Според шефот на регионалната воена управа на Миколаев, руските сили ги нападнале двата најголеми универзитети, на југот на земјата. Истрелани биле најмалку 10 проектили, а се слушнале и силни експлозии.

Руски ракети го погодија центарот на украинскиот град Виница, убивајќи 20-ина луѓе, вклучувајќи три деца. Украинскиот претседател го нарече нападот отворен терористички акт.

„Како резултат на само еден ракетен напад врз нашиот град Виница, загинаа 23 лица. Три деца на возраст под десет години. Десетици луѓе се водат како исчезнати. Меѓу хоспитализираните има тешко повредени. Една од ракетите го уништи медицинскиот центар еуромед. Внатре имаше луѓе“, изјави Володимир Зеленски, претседател На Украина.

Руското Министерство за одбрана тврди дека во нападот врз Виница била нападната зграда каде што имало средба меѓу воените претставници на Киев и странски делегати.

„Високопрецизни ракети од море „Калибр“ ја погодија зградата на офицерскиот клуб во градот Виница. Добавувачи за пренос на следната серија авиони и оружје на украинските вооружени сили, како и за организирање на поправка на украинската авијација“, изјави Игор Конашенков, главен портпарол на руското Министерство за одбрана.

Русија негира дека напаѓа цивилни цели и порачува дека оштетувањата на станбени објекти се последица од паѓање на делови од пресретнати проектили или на делови од ракетите на украинската противвоздушна одбрана.

Марина Ристова