Македонија

Светската елита во параглајдерство во Крушево

16.07.2022 10:25

Крушево се етаблираше во петте топ светски места за параглајдерство. Доказ за тоа што деновиве ги собра најдобрите светски параглајдеристи на светски куп. Градот е полн со гости, има над 2000 и го темели развојот на алтернативниот туризам...

Околу 130, од кои 70 највисоко рангирани светски параглајдеристи, деновиве имаат совршени прелети со параглајдери над Крушево. Се одржува светскиот куп, а Крушево го потврди местото во топ пет светски дестинации.

Светскиот куп е до четврток со седум трки.

Врвните параглајдеристи со врвна оцена за условите за летање.

„Местото е чудесно за летање. Има стабилно време, многу погодни денови за летање. Во Крушево сум бил повеќепати во многу натпреварувања, а сега и на светскиот куп“, рече Степан Кишиџи, параглајдерист од Украина.

„Го сакам ова место. Нуди многу опции, прекрасна природа и супер е. Го сакам“, рече Руни Хајсен, од Холандија.

„Го сакам Крушево, тука сум повеќепати и е едно од најдобрите места во светот за летање. Во топ пет светски места е“, рече Филип Бровс, од Белгија.

Светскиот куп е иницијална каписла за голем развој на алтернативниот туризам. Крушево ги очекува спортските инвеститори.

Во моментов во Крушево има 2000, а во наредниот период се очекуваат уште преку 7.000 гости, туристи и посетители.

Елизабета Митреска