Преговарачка рамка
Трет ден расправа за заклучоците по францускиот предлог
16.07.2022 10:52
Седницата треба да продолжи со работа денеска во 11 часот. На списокот на пријавени за збор се останати уште тројца пратеници. Доколку денеска биде исцрпена расправата по францускиот предлог, како што се очекува, ќе се гласа...

Во Собранието трет ден расправа за предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ. Седницата треба да продолжи со работа денеска во 11 часот. На списокот на пријавени за збор се останати уште тројца пратеници.
Доколку денеска биде исцрпена расправата по францускиот предлог, како што се очекува, ќе се гласа.
За да помине овој предлог, доволно е да гласаат 61 пратеник.
Вчера и завчера тензично во законодавниот дом. Вувузели, знамиња, кавги, навреди и инцидент на раб на физичка пресметка. Надвор протести.
