Македонија

Гешталт психотерапијата сè поприсутна во денешново секојдневие

16.07.2022 11:09

Глобалните проблеми од секаков аспек придонесуваат гешталт психотерапијата да биде се поприсутна во денешно време на светско ниво. Овој терапевтски правец кај нас одбележуваа 25 години постоење. Од битолскиот центар велат посебно дојде до израз за време на пандемијата. Освен помош за пациентите овој центар врши и обука на дипломираните психолози...

Освен што претставува психотерапевтски правец гешталт психологијата е една филозофија и уметност на живеењето. Во својот концепт интегрира повеќе научни дисциплини каде примана улога има личниот раст и развој на личноста. Корисници на оваа терапија од адолесценти па се до највозрасни лица за проблеми како што се панични напади, депресија, анксиозност и различни фобии. Битолските психолози и психотерапевти велат сепак последниве години пандемијава ги преполни термините и остави сериозни психички траги.

Проблемите не можат одеднаш да се решат велат експертите. Многу работи зависат од возраста од типот на дијагнозата но пред сè од взаемната соработка.

Една од главните карактеристики на битолскиот центар е и едукацијата на штотуку дипломираните психолози да станат психотерапевти.

Гешталт психотерапијата е еден вид реакција на психоанализата на Фројд. Во напредните земји до израз доаѓа по Втората светска војна. Кај нас годинава овој психотерапевтски правец одбележува 25 години постоење.

Стевче Митревски