Со 68 гласа „за“, Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог
Со усвоените предлог заклучоци ѝ се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија...
Со 68 гласа „за“, без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Собранието ги усвои предлог заклучоците поднесени од СДСМ и ДУИ по расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ.
Со усвоените предлог заклучоци ѝ се даваат насоки на Владата за што може да преговара со Европската унија.
Со заклучоците се бара безусловно почитување на јазичните, идентитетските, културните и историските особености на македонскиот народ. Се задолжува владата во преговарачката рамка македонскиот јазик да биде наведен без какви било дадовки и фусности и во текот на преговоирите, владата да не прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во преговарачката рамка.
Во меѓувреме, група на граѓани протестираат пред законодавниот дом против францускиот предлог.
