Иванов води пред Пендаровски со над 120.000 гласа во првиот круг

14.04.2014 17:05

Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, изборите засега ги оцени само како мирни...

На целосно обработени податоци од Македонија и делумно од дијаспората, разликата во освоените гласови меѓу Иванов и Пендаровски изнесува 122.935 гласа. За претседателскиот кандидат  на ВМРО-ДПМНЕ гласале 449.068, а за кандидатот на СДСМ, 326.133.

Кандидатот на ДПА, Иљаз Халими, со освоени 38.966  е на тетата позиција, а Зоран Поповски на ГРОМ на четвртата, со 31.366 гласа. 23.674 се неважечки ливчиња, но засега без појаснување за причините. Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, изборите засега ги оцени само како мирни.

„Изборниот процес за претседателските избори протече мирно, за фер и демократски ќе се произнесеме нареден пат“, рече Рилкоски.

Еден инцидент во Неготино и во Шуто Оризари, тоа е се што според Рилкоски, Комисијата го нотирала за вчерашниот изборен ден. Партиите имаат рокот од 48 часа за доставување на приговори.

 

Виолета Димовска